Легендарниот новозеландски актер Расел Кроу го прославува својот 56. роденден

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендарниот новозеландски актер Расел Кроу го прославува својот 56. роденден

Расел Кроу е роден на 7 април 1964 година во Велингтон и најголемиот дел од животот го помина во Австралија. Уште во 90-тите, тој глумеше во серијата „Police Rescue“ и се појави во „Дивиот чекор“ и „Доверливо од Л.А“. Сепак, публиката најмногу се сеќава на неговата улога во „Гладијатор“.

Тој култен филм во 2001 година му донесе Оскар за најдобар актер. Што се однесува до неговиот приватен живот, актерот се ожени со пејачката Даниела Спенсер (50) во 2003 година. Тие се запознале за време на снимањето на филмот „The Crossing“ во 1990 година, но се разведоа во 2018 година.

Двојката има две деца: синовите Чарлс (16) и Тенисон (13). Да не се разведеше, актерот денес ќе ја прославуваше својата годишнина од свадбата бидејќи се венчаше на својот роденден.

Интересно е што за да се ослободи од сè што го потсетува на пропаднатиот брак, Кроу ја организираше аукцијата „Уметноста на разводот“ во Сиднеј на својот 54. роденден и годишнина на брак.

Самиот Расел дошол на аукцијата, а кога една жена од публиката му запеала „Среќен роденден“, тој се качил на сцената и кратко ги поздравил присутните.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата