Меѓу денешните починати од КОРОНА е и жената која двапати била НЕГАТИВНА на тестот

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меѓу денешните починати од КОРОНА е и жената која двапати била НЕГАТИВНА на тестот

Почина 80 годишна жена од Штип на Клиниката за Инфективни болести во Скопје. Жената која ја загуби битката со коронавирусот најпрвин се лекуваше на штипското Инфективно одделение.

Иако имала симптоми, сепак првичните два теста покажале дека е негативна и имала дијагноза на бронхопневмонија. Но, по третиот тест, кој го направило семејството на сега починатата жена покажал дека е позитивна на Ковид 19.

По нејзиниот случај во самоизолација се ставени 14 медицински лица од штипското Инфективно одделение. Четврти ден самоизолирани се двајца лекари, осум медицински сестри и четворица болничари, кои имале контакт со 80 годишната жена.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев упати апел до здравствените работници да ја користат заштитната опрема, онака какошто е пропишано според протоколите.

На штипското Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти заразени со коронавирус, од кои двајца од Штип и тројца од кочанскиот регион, а четворица од неколку општини од истокот се со сомнителни симптоми и се чекаат резулатите. Во Штип позитивни на коронавирус се вкупно 19, а во Кочани и Зрновци 16 лица.

Ова е втор смртен случај во Брегалничкиот регион, вчера почина 40 годишен маж од Кочани, а денеска 80 годишна жена од Штип.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата