Момците од „Feedback“ велат – „Далеку од тебе“ (ВИДЕО)

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Момците од „Feedback“ велат – „Далеку од тебе“ (ВИДЕО)

Велат дека музиката е лек за многу работи, па затоа момците од „Feedback band“ се погрижија деновиве да пуштат нешто ново. „Далеку од тебе“ е насловот на нивната нова нумера, на која како автор се потпишува најдобриот тандем на овие простори – Лазар и Магдалена Цветковски.

- Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња, меѓутоа сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку музика во овие денови на изолација и полициски час, велат момците од бендот и додаваат дека во нивната фиока има уште една готова песна, но дека таа ќе ја промовираат кога работите ќе се вратат во нормала.

За новата песна момците снимија и видеоспот во кој се појавува и една од најубавите Македонки, преубавата Ана Мариа Јанковиќ, која пред неколку месеци потпиша договор за соработка со познат светски бренд за облека. Режисер на видеото е Дарио Јанковиќ или Генерал Јанковиќ, а истото е снимено на повеќе локации во Скопје и Демир Капија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата