Таа е мој херој и идол! Милан Станковиќ објавил слика со неа, ги оставил сите без текст (фото)

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таа е мој херој и идол! Милан Станковиќ објавил слика со неа, ги оставил сите без текст (фото)

Пејачот Милан Станковиќ на својот Инстаграм објавил фотографија од својата помала сестра Настасија, која по струка е медицинска сестра.

Сестрата на Милан се сликала во заштитно одело кои носат медицински службеници за да се заштити на работа од корона вирус.

Пејачот објавил фотографија од сестраму во заштитно одело и напишал дека таа е негов херој и идол.

- Ова е мој херој и мој идол, моја родена сестра Настасија, душа и најхумана личност која ја знам... Вечерва е на должност. Спасува животи на заболени од Ковид-19... Те бакнувам – напишал Милан.

Сестрата на пејачот не сака јавно да се експонира, а тргнала по стапките на својот брат и завршила медицинско училиште.

Иако Милан ја променил професијата, неговата сестра не, и сега како медицинска сестра помага во борба против корона вирусот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Nastasija ❤️

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic) on

Настасија е вистинска убавица, а многумина коментираат дека таа и Милан многу личат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата