Доктор Несторовиќ: Свесно реков дека КОРОНА Е НАЈСМЕШНИОТ ВИРУС ВО ИСТОРИЈАТА, сега ме сметаат за морон

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доктор Несторовиќ: Свесно реков дека КОРОНА Е НАЈСМЕШНИОТ ВИРУС ВО ИСТОРИЈАТА, сега ме сметаат за морон

Д-р Бранимир Несторовиќ на крајот на февруари на прес конференција коронавирусот го нарече најсмешниот вирус во историјата, а во неговото гостување во дебатна емисија открива како реагира на заканите и прозивките поради оваа негова несреќна изјава.

Апсолутно не сум погоден од овие напади. Ја имавме таа прес конференција во февруари. Се што реков, свесно реков. Требаше да ги смириме луѓето, да не влегуваме во ситуација каде што сега е Америка каде е хаос. Добив четири страници во „Неделник“ пред некој ден со наслов „Стенд ап Короничар“. Бев воодушевен од тоа. Секој ден шетам низ Белград и Обреновац и луѓето се воодушевени.“ вели Несторовиќ

Тој додава дека е професор веќе 20 години, со голем број книги и трудови позади него и одеднаш станал морон и кретен.

Не можам да ја судам мојата стручност во ова, мојата професија се оценува на друго место. Не треба да бидам пофален од никого, јас сум на крајот од кариерата, јас сум финансиски обезбеден, немам корист за ова, што, да бидам познат?! Па, досега сум бил 120 пати на оваа телевизија. Јас не сум да се фалам како популарен лекар, но ми се допаѓа кога другите луѓе имаат различни мислења. Единствениот пат кога бев во искушение да реагирам беше кога ќерка ми рече „тато, дали знаеш што пишуваат за тебе на Твитер“ ?! Потоа излегов на улица и 20 луѓе ме поздравија и ме поддржаа - рече д-р Несторовиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата