Еве зошто е продаден Гранд, а еве колку луѓе сега се вработени

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве зошто е продаден Гранд, а еве колку луѓе сега се вработени

Директорот објаснил се

За продажбата на “Гранд продукција“, доста се пишуваше, а Саша Поповиќ никогаш јавно не зборувал на таа тема.

Сепак во последното интервју открил зошто одлучил да се продаде продукцијата која со години немала конкуренција.

- Во 2014 година ни понудија одличи услови, кои Брена и јас неможевме да ги одбиеме, со што продадовме дел од фирмата. Наскоро ќе решиме дали да им го отстапиме и остатокот.

- Уште од самиот почеток на “Гранд“, направија многу, меѓу друго сведочи и бројот на вработените. Порано имаше само 40, додека денес во работен однос се повеќе од 200 вработени – додал Поповиќ.           

                                      

- Порано скоро сите емисии ги водев јас, бев организатор, сценарист, водител, монтажер. Сега работата е распоредена и конечно имам време за себе и семејството. Сузана и јас во меѓувреме купивме куќа во Опатија, и кога да ми се укаже прилика, сакаме таму да избегаме. Бидејќи од ноември сум официјално во пензија, можности има и одповеќе.

- Засега останувам како водител во “Гранд“ и така ќе биде се додека здравјето ме служи. Сега размислувам како да ја унапредам 15. сезона на музичкото натпреварување “Ѕвездите на Гранд“ – заклучул Саша.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата