Статус на д-р Ленче Нелоска: Ви се обраќам Вам министре или ГЕНЕРАЛЕ!

,,Пред две седмици напишав еден текст со наслов Војна. Впечатокот ми е дека Вие не го забележавте или го игнориравте крикот на вој ниците на првата бо рбена линија. Вашите избраници и Вие, Генерале, заради тромост, лоша претстава за вкупното окружување и ефектите од истото, донесовте неинформирани одлуки, видливи преку неадекватна вклученост на сите ресурси со кои располага Македонија дозволивте, војската да се истроши непотребно, пред одлучувачката битка.

Забележуваат многумина, системот ви е нефункционален, алгоритмот одамна не функционира. Графиконите зборуваат за себе. Повеќе од 10% од заболените се здравствени работници. Ако ова се помножи со бројот на контакти со колеги и членовите на семејствата, имате ли проекција за колкав број на можни заразени зборуваме.

Трагикомично е што првиот заразен лекар беше од Вас избран директор, кој зарази 6 медицински работници, и предизвика изолација на над 200 лица. Цела една медицинска гранка беше исфрлена од работа.

Денес сведочиме: Дебар 4, Битола 4, Скопје 8, Куманово 18 (за сега), Прилеп 1. Ова се бројки од Вашите прес конференции, на кои тешко се одгатнува 1) колку здравствените работници дневно се заболени, 2) во кои здравствени установи се истите, 3) колку се во изолација во моментов, 4) Колкав е вкупниот број на здравствени работници надвор од битката во моментов?

Срдечно (иронично?) ни препорачувате да се заштитуваме и да ги почитуваме протоколите! Ве молам, кои протоколи и кои упатства? Оние кои сами ги превзедовме од СЗО и Кинеските протоколи?

Од Вас слушаме дека има доволно заштитна опрема, па се плашам дека на крај ќе излезе дека ние, здравствените работници не ја користиме адекватно, па сами ќе си бидеме виновни за тоа што ќе следи. Ова ми личи на барање на алиби.

Јас немам проблем јавно да зборувам, Ви соопштувам дека имам маски и ракавици за една до две седмици. Имам информации дека персоналот сам купува заштитни средства, ако најде, или бара донации од секој кој е свесен и благороден да помогне.

Затоа Ви ги повторувам егзистенционалните мерки, што ги игнориравте:

Персоналот кој работи во зоната на изолација (лекари, сестри, болничари, технички и логистички персонал) – треба да живее во изолиран простор, за да не ги загрозат своите семејста. За овој персонал треба да се обезбеди секаква подршка – од исхрана која ќе го сочува нивниот имунитет, до мониторинг на нивното физичко и психичко здравје.

Овој персонал да биде приоритет во достапот на заштитни средства и опрема.
Целиот здравствен и помошен персонал, ВЕДНАШ да добие адекватна по вид и обем заштитна опрема и средства. И последно, но не и најмалку важно ТЕСТИРАЊЕ!!!

Нема медицинско оправдување за отпорот кон масовно тестирање на популацијата. Така се уште имате шанса да ја ставите под контрола состојбата на здравствен план, со што ќе дадете можност да почне да живее економијата и народот во земјава.
Во спротивно, војната е веќе изгубена. Кој ќе прогласи капитулација?”

Најчитани вести