SKOPJE CALLING на исто место со нов датум!

6.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
SKOPJE CALLING на исто место со нов датум!

Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.

VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје.

Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот. Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот Skopje Calling, истите ќе им бидат важечки и за новиот датум. Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно авалонско музичко лето во Македонија!, порачуваат организаторите Авалон продукција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата