Понеделнички

Ни топови, ни волови, останаа само синовите

5.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ни топови, ни волови, останаа само синовите

Како стојат работиве вонреднава состојба ќе потрае до 18 мај, минимум. Им се уарни на СДСМ да носат закони набрзина, без Собарние. Како уредбата да се дадат пари за СЈО кое не постои, ама не и за лекарите и сестрите кои умираат на работа. Нормално, СЈО ги селат во Обвинителтсво, им требаат лојални какви што се за идни операции, медицинариве и работниците кој ги ебе. А слушам дека избори ќе сме имале во јули, што не ми смета, само побрзо да добие народов шанса да ја земе судбината во свои раце и, на избори, да каже кој треба да ги вади луѓево и државата од криза. Оваа влада не покажа знаење, ниту умеење.

Владата, наместо за доверба служи за вицови. Ќе остане историска изјавата на Филипче дека пациент од Скопје починал од корона вирус “поради помпезноста која ја имал и дебелината“. Ова ќе се изучува во медицината со децении, тешко ќе ја разберат во денешно време. Што би рекол Босанецон од Твитер: Болниците ни беа супер спремни, проблем се јави кога почнаа да доаѓаат болните.

А кога ќе ги споиш Ден Дончев од Фондот и Филипче, од искуство знаеме , работата е сомнителна. Уште не дознавме зошто државата наплаќа 80 евра за еден тестер за корона кој во Европа се продава за најмногу десет евра. Кај Жан Митрев и Систина е 20-25 евра сосе услугата. На 10.000 државни тестери тоа е разлика од 700.000 евра! Убава бројка и предизвик кој не им дава сон на Дончев и Филипче. Којзнае кога пак ќе имаат ваква шанса. Толку се многу складни што прашање на ден е кога ќе се земат. Нина Групер се разболела од мака што е заборавена.

Да, влегуваме во криза. Па кажи ми која криза решиле СДСМ? Една барем. Дали ја решија кризата кога УЧК се формираа во Македонија? Киро ги амнестираше. Дали ја реши кризата со приватизација. Во црната транзиција останаа 200.000 луѓе без работа. Дали ја решија кризата со штедилницата ТАТ, денешни 70 милиони евра? Дали ја решија кризата во воената 2001. година? Ја решија така што нивниот Бучко изврши воено профитерство за 3 милиони долари, па после го ставија за премиер. Добра му била препораката. И така натаму, се до денес.

Тие што им пропадна буџетот во дупка од 2,2 милијарди евра за десет дена! На 19 март Заев изјави: буџетот е одржлив, се полни редовно. На 25 март вели: буџетот е во дефицит 1,3 милијарди евра, а по пет дена објави загуба од 2,2 милијарди евра.

Кога ќе видите дека СДСМ го праќа гревон Стојанче Ангелов по телевизии да дели совети како се решава корона вирус и економска криза, знаете дека работата е за никаде. Се потроши Самка Ибраимовски, па Стојанче го мења. Вицепремиерката Мила Царовска ја нема, ја чуваат соросоидите за бољи времиња, да го смени Заев.  

Ама он не се дава. Премиер од сенка е. Заев четврти пат за месец дена ветува респиратори кои само што не стасале. И тоа збори во име на владата “ние ќе набавиме...“. Првин доаѓаа од Бразил, па од Турција, еве сега од Израел а ќор респиратор не видовме додека за тоа време стасавме до над 550 заболени и околу 25 починати. Може ќе стасаат респираторите, ама касно, на нив наместо коронисаниве ќе дишат социјалните случаи што во кризава останале без работа и паднале во кома од депресија.

Ај што нема ништо да набават на време, немаат ниту еден пријател во светов кој ќе помогне. Го скапаа словенечкиот премиер Јанез Јанша од плукање, па уште и дека со пари на Орбан и австриецот Курц ја дестабилизирале Македонија и, баш тој Јанша прати помош со медицинска опрема. Први беа Кинезите, па ОБСЕ кои се одзваа на повикот на министерот Наќе Чулев. Капак за СДСМ е што следниот донатор е Унгарецот Орбан, човекот од црната листа на Заев и Рада.

Пријателите од Брисел на премиерот во сенка Зоран Заев, вечно напнатата Шекеринска и свилениот Димитров на Македонија и доделија 4 милиони за кризава но, на Мароко му даваат 450 а на Тунис 250 милиони евра. Веројатно се кооперативни, ќе мењаат вера во христијани и чекаат преговори за влез во ЕУ.

Нешто како нашиот случај, нели. Ние годинава нема да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Тука не рачунам празни муабети и постови по Твитер. Нема да видиме годинава потпишан договор, со наведен датум и услови и формирање тимови за преговорите. Како што има со другите кои преговараат.

Ние, како европјани во најава, храбро и удираме на Турција санкции а никој не знае зошто. На Турција, една од трите најпријателски држави на Македонија и во добро и во лошо. Од држава Македонија која има најмалку 80.000 етнички Турци.

Маски и ракавици немаме но, владата решава да се дадат во извоз оние што ги произведуваат Морнар текс Неготино, како и земање брашно од Србија па извоз во Косово. Трговија пријатљу, а не политика. Трговец е шефот на владата Заев.

Инаку, Јанша како шеф на сестринска партија на ВМРО, помогна по барање на Мицкоски. Радмила, како што ја дал Господ, потоа се истрча дека е тоа воена помош од Словенија, демек нејзина е заслугата. А нема везе, само е донесена со воен авион. Едно е кој донирал, а сосема друго кој е превозникот. Верувајте ми, на Јанша му се дига косата што ја нема на главата на помен на Шекеринска.

Кај се појавила Шекеринска, таму трева не расте. Пустелија. Одеше кај Боки 13 дома човекот заврши во Шутка. Читам, Дајнерс е на колена , а газадата Обрад од Белград, што на Рада и е кум, заглавил по затвори. Со Заев се качија на американски носач на авиони, малер ги утепа Америте, па сега носачот Теодор Рузвелт плута по океанот со 800 заразени од корона вирус. Треба да се донесе владина уредба: не се собирајте во група и никако Шекеринска да ви влезе во куќа. Јас знам од искуство кој малер носи. По можност, избегавајте ја и по телефон да не ви пренесе 5Г бранови па да ви умре дома папагалот или мачката.

Пуздер ни е владава. Ниту министерот за надворешни се заблагодари за донациите, ниту Филипче посети еден град, клиника барем или фамилија заболени од корона вирусот за да покаже грижа за нив. Филипче и Рада намонтираа болница на надувавање на местото на срушениот студентски дом и мислат свршиле работа. Да ја завршеше Филипче новата болница во Штип која стои затоа што не е решен рушветот, немаше потреба војска да дува шатори.

Наместо дување, полесно ќе живееа заболените ако Шекеринска дадеше на користење барем еден од петте стана што ги има, Анѓушеви да не отпуштија 120 работници од нивната фабрика, или Заеви да уплатеа фамилијарно бар пет  милиони евра во буџетот наместо Манулаќ да дели пакетчиња по Струмица на партиски активисти што, во суштина, е рушвет пред време за избори. Како што делеа рушвет во Куманово па после тоа букна заразата меѓу кумановчани. Па уште и се фали. Манулаќ, искличи се сам од штекер дете, само штети праиш.

Џабе и апсења за полициски час кога владата ги фрла на куп пензионерите, кумановчаните, партиски курири на Манулаќ што делат пакетчиња како поткуп за избори. На крај ќе имаме повеќе уапсени него заболени, а кој ќе ги рани.

Нас не чекаат тешки денови, не толку заради вирусов туку од сиромаштија. Ќе има се помали плати, отпуштања а веројатно и кратење пензии. Освен тоа, ќе се стопи и милијардата евра која редовно доаѓаше од иселениците. Како беше она, чуму ти е името Македонија кога немаш за леб. Е, сега, нема ни леб ни Македонија.

Ова е војна која власта ја загуби уште во најава. А кога е војна, како што вели Иво Андриќ, државата дава топови, богатите даваат волови а сиромашните – синови. Топовите ги нема, ги изела власта. Волови богатите не дадоа. Колку синови сте вие спремни да дадете за СДСМ да остане на власт?!

Во меѓувреме, додека да одлучите кој ќе не вади од кризава, мијте раце редовно, мозоците ни се веќе измиени.

(06.04.2020)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата