Новчаникот на СЈО СТАНА ПОДЕБЕЛ: Владата донела уредба да им се исплатат заостанатите плати и трошоци

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новчаникот на СЈО СТАНА ПОДЕБЕЛ: Владата донела уредба да им се исплатат заостанатите плати и трошоци

На седницата на владата од 2 април 2020, по барање на јавното обвинителство, донесена е уредба за пренамена на средства за да им се исплатат на јавнобвинителските службеници, истражители и други вработени од поранешното СЈО пари од буџетот на јавното обвинителство за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци. Уредбата е објавена во службен весник денеска.

На втори април 2020 година, владата одржа прес конференција на која соопшти дека спасува илјадници работни места обезбедувајќи минимална плата од 14.500 денари. Немаше ниту збор за оваа уредба.

Но, таа иако не е објавена на сајтот на Владата, ниту владата ја соопшти, објавена е во службен весник и на нивниот официјален сајт.

Во ноември минатата година, Обвинителството најави дека ќе истражува дали додатоците на плата во СЈО биле исплаќани законски, но до ден денеска нема информација дали истражиле и што добиле како заклучок.

Сега, истото ОЈО побарало да се плаќаат и заостанатите плати и трошоци на вработените во поранешното СЈО.

Платите на вработените во поранешното СЈО, како и стотиците илјади евра надоместоците за тајност во работењето, скандалозно беа криени, додека министерството за финансии, со помош на УСАИД не ја отвори алатката отворени финансии. Потоа јавноста дозна дека си поделиле дестици и стотици илјади евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата