Се родиле близнаците КОРОНА И КОВИД

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се родиле близнаците КОРОНА И КОВИД

Корона и Ковид се имињата на близнаците родени во градот Раипур во Индија.

Близнаците, момче и девојче се родија за време на тринеделниот карантин во Индија.

Нивните родители велат дека за да се сеќаваат на овие тешки времиња во кои се родени, пишуваат локалните медиуми.

Во интервју за локален медиум, мајката рече дека се соочиле со многу тешкотии и затоа сакаат да се сеќаваат на ова време.

Вирусот е опасен но ги натера луѓето да се фокусираат на хигиената и на здравите навики во животот, затоа одлучивме да ги крстиме вака, вели мајката.

Потоа и медицинскиот персонал почна да ги нарекува близнаците Корона и Ковид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата