СВЕДОШТВО НА ДЕВОЈКАТА ОД ШТИП: Ме тепаа од кај Тоше и на клоци до зградата (ВИДЕО)

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВЕДОШТВО НА ДЕВОЈКАТА ОД ШТИП: Ме тепаа од кај Тоше и на клоци до зградата (ВИДЕО)

Почнаа да ме тепаат од кај "Тоше" и на клоци до зградата... Тоше знае каква бев, вели девојката која двајца штипјани крвнички ја претепале пред два месеци и ја снимале со телефон додека ја тепаат.  

Таа вели дека видеото е  старо 2 месеци, а досега не било објавено поради заканите

Новинарот Фуркан Салиу на Твитер го објави нејзиното потресно сведоштво.

Откако беше објавено видеото денеска не стивнуваа реакциите кај граѓаните, а полицијата веднаш реагираше при што двајцата тепачи беа лишени од слобода.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата