Систина му одговри на Филипче: МАНИПУЛАЦИИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА ТЕСТОВИТЕ СЕ НЕЕФИКАСНИ

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Систина му одговри на Филипче: МАНИПУЛАЦИИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА ТЕСТОВИТЕ СЕ НЕЕФИКАСНИ

COVID – 19 IgG/IgM Rapid Test кој се користи во Клиничката Болница Аџибадем Систина за детекција на присуство на коронавирусот (Ковид- 19) е произведен во Холандија и претставува серумски рапид тест кој како хроматографски тест се користи за детектирање на антителата IgG-IgM. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото.

Интерпретацијата на резултатите, достапна и во упатството за самиот тест https://bit.ly/2R2fPaH, едноставно прикажана можете да ја видите во табелата подолу.

tabela covid igg igm

   Табела 1. Клиничко значење на детекцијата на IgG и IgM антителата

Во врска со дезинформациите кои се шират во јавноста, а се поврзани со овие тестови кои се произведуваат во Холандија и ги користи КБ Аџибадем Систина, Болницата денес ќе ја извести и холандската амбасада во нашата земја. Во исклучително сериозна ситуација кога се бориме со еден животозагрозувачки вирус, со единствена цел спречување на неговото ширење и зачувување на здравјето на луѓето недозволлива е било каква манипулација во јавноста на оваа тема.

Според препораката на Светската здравствена организација за масовен скрининг на населението, овие тестови активно со таа цел се користат во САД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Обединети Арапски Емирати,Индонезија, Бразил и Романија. Со вакви брзи тестови, како единствено разумно моментално решение, бидејќи како и сите земји зафатени од пандемијата се во трка со времето започнаа и Бугарија и Србија.

Македонскиот епидемиолог проф.др Даниловски кој е и поранешен министер за здравство ги поддржува препораките на СЗО и во онлајн-дискусијата со членовите на „Наука за сите“, која се одржа во средата на 25 март изјави: ,,Нешто што паралелно на рестриктивните мерки мора да се прави и што Светската здравствена организација постојано го препорачува е: тестирање, тестирање, тестирање… ‘’

,,Јас веќе поднесов барање за да набавиме 400.000 брзи тестови, со кои за десетина минути се определува нивото на IGM антитела, кои први се јавуваат во 9-тиот ден по инфекцијата, па само тие што ќе имаат покачено ниво на IGM потоа да бидат тестирани со тестови за вирусот.“– додаде тој

Покрај иницијалните 15.000 тестови КБ Аџибадем Систина набави уште 35.000 COVID – 19 IgG/IgM Rapid тестови следејќи ги препораките за рана детекција на вирусот како една од главните мерки со цел да се спречи неговото ширење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата