Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното гостување во телевизијата „Прва“, рече дека е подготвен да воведе 24 часовен полициски час ако однесувањето на луѓето не се промени.

Тој посочи дека и покрај сите апели, воведениот полициски час не се почитува и оти луѓето и натаму се собираат во поголеми групи.

„Ќе ѝ предложам на Владата полициски 24 часовен полициски час. Никој нема да смее да излезе на улица, ниту да оди во продавница“, рекол Вучиќ, додавајќи дека мерката ќе биде строго контролирана и казнувана.

Најчитани вести