СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ СЕБЕ И ХРАНАТА при купување во маркет за време на епидемија со коронавирус

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ СЕБЕ И ХРАНАТА при купување во маркет за време на епидемија со коронавирус

Во екот на пандемијата со коронавирусот експертите советуваат како правилно се мие храната и дали треба да се дезинфицира целата амбалажа купена од маркет.

Се уште има многу прашања кои не интересираат кога станува збор за купување храна за време на пандемијата од коронавирусот, па така еве што е безбедно да правиме а што не при купувањето од маркет и хигиената поврзана со храната

1. Дали е безбедно да одам во маркет?

На сите им е јасно дека сегашната состојба е таква што повеќето од нас се изолирани во сопствениот дом и имаат минимизиран социјален контакт за да се запре ширењето на вирусот. Колку е безбедно тогаш да се оди во маркет, а по намирници не мора секој ден да се оди.

Во овој случај, најважно е да не стапите во контакт со заразено лице и тука се најважните мерки на социјална оддалеченост и заштита. Бидете сигурни да внимавате на растојанието помеѓу вас и другите и да носите маска и ракавици.

Добро измијте ги рацете кога ќе се вратите дома, но и откако ќе ги отпакувате намирниците. Во меѓувреме, немојте да го допирате лицето со рацете.

2. Смее ли да се нарачува достава на храна?

Храната не е ризик, ризикот е контактот со добавувачот. Денес, повеќето од нив нудат испорака без контакт, затоа искористете го тоа.

3. Дали треба да се чистат конзервите по доаѓањето дома?

Да! Што е сигурно - сигурно. Бидете сигурни да дезинфицирате се што внесувате  во амбалажа во домот, бидејќи којзнае кој ја допрел амбалажата и дали тоа лице било заразено.

Измијте ги рацете по допирање на храна бидејќи тоа е најбезбеден начин за да се спречи ширење на вирусот.

4. Дали замрзнувањето го убива вирусот?

Замрзнување на свежа храна со цел уништување на вирусот не е најдобриот метод, особено ако се земе предвид дека во лабораторијата го замрзнувааат вирусот за да го сочуваат. Ако замрзнете храна, прво исчистете ја или гответе ја, кои се два од најбезбедните начини да ја заштитите.

5. Што со свежите намирници?

Засега нема докази дека вирусот се шири преку површината на овие намирници, но сепак има докази дека може да живее на нив, според студијата која разгледувала респираторни вируси. Шансите за контакт на вирусот на овој начин се ниски, но не и занемарливи. Свежата храна треба темелно да се измие, а потоа темелно да се измијат и рацете.

6. Дали варењето ќе го убие вирусот?

Според препораките, доволно е да се готви на температура од околу 70 степени за да се убијат вирусите. Сепак, храната мора претходно да се измие.

7. Како да се измијат свежите намирници?

Мијте ги долго време под млаз вода, се советите на експертите за храна. Исто така, се препорачува да се користи четка за миење зеленчук и овошје кои имаат тврда површина, само со вода. Но, не заборавајте да ја измиете оваа четка добро по секоја употреба.

8. Ако сум ризична група, треба ли да кушувам производи кои се претходно пакувани?

Потрошувачите на кои имунитетот им е загрозен треба да размислат да купат претходно спакувано овошје и зеленчук, да ја зголемат претпазливоста и да готват храна пред да ја консумираат.

Курир.рс

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата