Мицкоски: Додека Заев крати на плати на работниците, во Гази Баба одвојуваат 15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Додека Заев крати на плати на работниците, во Гази Баба одвојуваат 15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА

Ајде што задоцнето, делумно и лошо ги копираат анти кризните мерки што ги предлагаме, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„Ајде што Зоран Заев копира и оди со интервјуа на истите медиуми каде што веќе сум гостувал, што и не е така лошо, бидејќи граѓаните ќе може да ја направат разликата, но она што вистински загрижува е што не престануваат да бидат лицемери, во исто време кога се неспособни и продолжуваат партиски да вработуваат. Во исто време кога Заев им порачува на работниците да "стиснат заби" затоа ќе се кратат плати, во општината каде се власт Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања.“, потенцира претседателоте на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри.

„Сакате вистинска солидарност? Повлечете го предлогот за драстично кратење на плати на работниците, откажете се од функционерските плати и работете про боно (бесплатно) додека трае кризата, затоа што само така се сака Македонија! Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки. Потребна е одговорност, трезвеност и разум.“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата