Стаменковски Стојковски: СДСМ во вонредна состојба прави ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стаменковски Стојковски: СДСМ во вонредна состојба прави ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА

Во време кога целиот свет се бори против КОВИД-19, ние мора да се бориме дополнително со уште една епидемија - епидемија на партиските вработувања на СДСМ во администрацијата, вели Невенка Стаменковски Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација

Само последните неколку денови се склучени 65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра. Ова однесување е недозволиво и срамно, спротивно на закон, спротивно на моралните норми и нечовечно. Во ова време трошењето буџетски средства за вработувања, не значи ништо друго туку одземање пари од здравството, потенцира Стаменковска Таа истакна дека Македонија нема недостаток на вработени во јавната адиминистрација, туку има недостаток на заштитна опрема за докторите и медицинските сестри. „Македонија нема недостаток од партиски војници во јавната администрација, туку има недостаток на медицинска апаратура и тестови во јавните здравствени установи. Како дополнителен заменик министер, барам веднаш да запрат сите постапки и да се прекине со оваа епидемија на привремени вработувања во јавниот сектор. Барам Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Македонија веднаш да постапат и да го заштитат заедничкиот интерес. Приоритет мора да биде здравјето и животот на граѓаните, нагласи Стаменковска.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата