Филипче: Станавме дел од два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче: Станавме дел од два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот

Од денеска Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот, соопшти ресорниот министер Венко Филипче на попладневната прес-конференција.

Како што рече тој, Светската Здравствена Организација го потврдила учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со Ковид-19.

„Целта на студијата е во рамки на дефинирани протоколи да се следи ефикасноста на 5 тераписки опции со кои ќе се лекуваат пациентите со заразени со коронавирус“, посочи Филипче.

Се работи за мултицентрична програма во која досега се вклучени земји од сите страни на светот меѓу кои: Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

Од денеска во рамките на Министерството за здравство започна и он-лајн тренинг програма „COVID 19 Response Training“ наменета за здравствените работници.

„Тренингот е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштита на здравствените работници, а во моментов нашата земја е меѓу првите земји во Европа во кои започнува програмата“, кажа Филипче.

На нашиот Клинички Центар, тренингот ќе го следат 20 доктори и 20 медицински сестри, кои стекнатото знаење од експертите од САД и универзитетот ќе го пренесат и на своите колеги, не само во институциите во Скопје, туку и ширум државата, во сите Јавно здравствени установи каде има персонал кој може да дојде во контакт со пациенти позитивни со Ковид-19.

 

 

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата