(Видео) Тепачка за вреќа брашно во Зеница

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Тепачка за вреќа брашно во Зеница

Медиумите во Босна и Херцеговина објавија снимка направена пред супермаркет во Зеница, каде маж и жена денеска физички се пресметале поради вреќа башно.

Како што пишува „Аваз“, сè се случило во населбата Мокушница во Зеница кога расправија која започнала меѓу маж и жена во маркет, завршила со физичка пресметка.

Вработените во супермаркетот го снимале целиот инцидент, а видеото од тепачката околу вреќа брашно сега кружи на Интернет и во медиумите.

Не е познато дали полицијата реагирала во врска со оваа ситуација и пристигнала на местото на настанот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата