Димитров до Ди Мајо: Голема доблест е што ни честитате за успехот во тешки моменти за Италија

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров до Ди Мајо: Голема доблест е што ни честитате за успехот во тешки моменти за Италија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари телефонски разговор со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, на барање на италијанската страна.

„Ди Мајо му честиташе на Димитров за позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија, истакнувајќи дека и покрај тешките моменти во кои се наоѓа неговата земја, сака да им честита на македонските граѓани за овој долгоочекуван успех“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Димитров му се заблагодарил на својот италијански колега за континуираната поддршка, но пред се’ за вниманието и посветеноста од Италија токму во нејзините најтешки моменти предизвикани од пандемијата.

Министерот изразил и длабоко сочувство до италијанските граѓани за големиот број жртви и упатил желби за поскоро оздравување на оние кои се’ уште се борат со болеста, како и за што поскоро надминување на сите предизвици со кои се соочува Италија во овие тешки мигови.

 

 

 

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата