Седумте војници кои утре се враќаат од Авганистан ќе одат во ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седумте војници кои утре се враќаат од Авганистан ќе одат во ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН

Седум војници утре ќе се вратат од Авганистан, информираат од Министерството за одбрана.

Припадниците на Армијата се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство, – соопштија од министерството за одбрана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата