Регистрирани 36 нови случаи на коронавирусот во Словенија

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Регистрирани 36 нови случаи на коронавирусот во Словенија

Националниот институт за јавно здравје на Словенија потврди дека во земјата се регистрирани 36 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие вкупниот број заразени изнесува 562.

До сега во државата се направени 17.294 тестирања. Според информациите на надлежните од сите заразени, во болница се само 98, а 17 се на одделот за интензивна нега.

Како последица од Ковид-19 почина уште едно лице, а се работи за постаро лице, сместено во Домот за стари лица Метлика, а имало и претходни тешки хронични болести.

Со ова вкупната бројка на починати од коронавирусот во Словенија изнесува шест лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата