Се вели дека има ефект врз КОРОНАВИРУСОТ – Во Грција стигна медикаментот нарачан во Индија

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се вели дека има ефект врз КОРОНАВИРУСОТ – Во Грција стигна медикаментот нарачан во Индија

Во Грција стигнаа 5 тони од медикаментот клорокин, кој грчката влада го нарачала во Индија.

Се дознава дека оваа количина од медикаментот била нарачана со гаранција од страна на грчката држава и во наредните дена ќе им биде ставена на располагање на грчките компании за производство на лекови, кои ќе се користат во болниците во земјата.

Клорокин е еден од лековите кои имаат ефект врз коронавирусот, но експертите најавиле дека има и негативни ефекти, затоа ќе се дава само на одредени пациенти под строг надзор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата