Доктор Жан Митрев преку видео обраќање дава неколку препораки за тоа како луѓето да се заштитат од опасниот коронавирус. Според него, многу подобро е ако луѓето замотаат топол шал околу лицето, отколку да носат хируршки маски врз устата и врз носот.

-Ладниот воздух му овозможува на вирусот да продре до белите дробови, затоа препорачувам седење дома, без никаква физичка активност- вели Жан Митрев

- Никако надвор вежбање или спортски активности, или шетање и излегување надвор додека е свежо, бидејќи тоа може да го забрза процесот на инфекција, вирусот опстанува на пониски температури.

Тој исто така додава дека редовната инхалација може значително да помогне во спречувањето на ширењето на Ковид-19.

- Инхалирајте топол воздух два-три пати на ден, за да нема можност вирусот да се развива и да дојде до плуќата.

 

Најчитани вести