Уште еден заразен со коронавирус, од Кожната клиника. Прв случај е регистриран и во Тетово, тоа е пациент кој престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец.
Пациент од Тетово кој престојувал во Завод за рехабилитација во Капиштец е заболен од коронавирус. Тој како опериран и неподвижен пациент што имал и васкулатни здравствени проблеми, бил хоспитализиран таму од 9 -ти до 29 март и како што рече министерот Филипче, откако се вратил добил висока температура, по што бил однесен на инфективното одделение во тетовската болница, од каде е транспортиран на Инфективна клиника во Скопје. Заводот за рехабилитација засега не е под карантин, земени се брисеви од вработени и дел од пациентите. Уште еден случај позитивен на коронавирус е регистриран од Кожната клиника, со што бројот на заразени таму се зголеми на шест лица, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
„ Пациентот од Тетово имал една посета во Заводот за рехабилитација, исконтактирани се сите лекари, ниту еден нема симптоми, но земен е материјал на 14 здравствени работни и 4 пациенти. По добивање на резултатите ќе се направи старатегија за функционирање на институцијата. Сите од неговото семејство, тоа се 10 члена им е пристапено и согласно тоа ќе се постапи понатаму. Сите луѓе кои имале контак со него се асимптоматски, како ќе се постапи со Заводот за рехабилитација ќе се знае по добивање на резултатите и соодветно на тоа ќе се направи распоред на работа“, изјави министерот Филипче.
Тој нагласи дека во случајот во Тетово, како и во секоја здравена институција има патека за сомнителни пациенти, односно имаат дел за изолација каде што се примаат сомнителни пациенти со нив се постапува со внимание.
Нови 24 заразени со коронавирус се регистрирани последните 24 часа, со што вкупната бројка е 201 заболен. Најмногу заболени последното деноноќие има во Скопје 15, во Куманово четири, Дебар два, Охрид Штип и Тетово по еден. Со последните бројќи во Македонија има вкупно 201 заразен со Ковид 1.
Во Куманово денес престојувал експерт од Инфективна клиника кој разговарал за случаите, за приемот, за изолацијата на здравствените работници, ќе биде завршена стратегијата и овој град ќе биде со поголем опфат на тестирања.
Филипче напомена дека мобилното тестирање ќе започне на почетокот на наредната недела и со оглед на состојбата Куманово ќе биде еден од градовите каде поинтензивно ќе се тестира.
На инфективна е испишан пациент од Дебар и се подготвува уште една пациентка од Скопје да оди на домашно лекување, таму има 3 излекувани и троцја починати. Филпче рече дека добра е состојбата на пациентите во Штип и малото девојче, мајката и бабата се стабилни без тешка манифестација на болеста.
„На Инфективна клиника комбинацијата од два вида на лекови кај добар дел од болните е веќе аплицирана терапија, а за тие што с е во домашно лекување ќе бидата транспортирани до клиниката. Лекот мора да се дава по стручна индикација, ако има една форма на срцева слабост и таа се детектира, не смее да се дава оваа терапија“ рече Филипче.
Со ова нашата земја влегува во стручна научна студија заради терпијата која што почнавме да ја аплицираме.
На новинарско прашање, зошто здравствените работници не се доволно заштитени и дали Министерството за здравство ќе им помогне на здравените установи со заштитна медицинска опрема, министерот одговори:
„Се очекуваат 500 00о маски , 20 00 тестови, респиратори како помош од Владата на Норвешка( на почеток на април), но ние имаме резерви, па со оглед на тоа што институциите не можат да набават сами заради забраната за извоз знаеме дека има предизвик со набавката од странство, секоја установа која што побарала, добила помош“, рече Филипче.
Во текот на следните ден- два ќе има детален преглед на луѓето на кои им поминал карантинот, а кои беа зетекнати во Дебар и на кои име е поминат периодот на инкубација. Министерот реле дека во тек е он-лајн тренинг на 20 доктори и 20 медицински сестри за тријажа, проценка и пристап на сомнителните и заболените пациенти, со помош на Браун Универзитетот и тие ќе бидат понатаму тренери на останатите здравстени работници низ државата.