Се слуша само ЗВУКОТ НА РЕСПИРАТОРИТЕ – Страотно видео од болница во Италија каде се лекуваат пациенти со коронавирус (ВИДЕО)

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се слуша само ЗВУКОТ НА РЕСПИРАТОРИТЕ – Страотно видео од болница во Италија каде се лекуваат пациенти со коронавирус (ВИДЕО)

Уште една страотна видео снимка се појави од Италија која што моментално е најсилно погодена од пандемијата на коронавирусот.

Службата на Брза помош во болницата во Кремона во Италија претворена е во одделение за интензивна нега за пациентите кои што се заразени од Ковид-19, додека установата се бори со сè поголемо побарување поради здравствената криза.

Снимките направени во вторникот покажуваат страшни сцени во внатрешноста на одделението, откако бројот на кревети на интензивна нега од осум е зголемен на 50.

Откако оперативното одделение е претворено во одделение за интензивна нега, медицинските сестри морале да научат нови вештини во само една смена, поради недостаток на медицински работници.

На морничавите снимки се слуша само зуењето на респираторите и луѓето кои што се борат за живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата