Луксузен хотел во Швајцарија нуди пакет-услуги „Ковид-19“

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луксузен хотел во Швајцарија нуди пакет-услуги „Ковид-19“

Во услугата на хотелот е вклучен минимален контакт со други луѓе. Пакетот вклучува престој во луксузен апартман, услуги на лекар специјалист, личен готвач, испорака на храна и дури и тестирање на коронавирус.

View this post on Instagram

Happy Sunday!

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

„Ле Бију“ има 42 апартмани опремени со сауна, џакузи, камин и вежбалница, пишува „Инсајдер“.

Покрај чистачите нема друг персонал, а на гостите им се на располагање луѓе што ќе им нарачуваат храна, лични готвачи, масажери и слично.

„Сè е направено за да не мора да гледате други луѓе“, објасни директорот на хотелот, Александер Хабенер.

Тој додаде дека луксузниот пакет „Ковид-19“ е следниот логичен чекор и дека нивните гости почнале да бараат сè подолг престој и сè повеќе медицински услуги. Исто така истакна дека ја намалиле цената на престојот.

Ноќевањето кое чинело 960 евра, било намалено на 470 евра. Двонеделен престој чини од од 5.800 до 7.500 евра, во зависност од тоа што е вклучено во пакетот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата