Во Унгарија откриен птичји вирус на фарма за патки

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Унгарија откриен птичји вирус на фарма за патки

Унгарската агенција за безбедност на храната Небих соопшти денеска дека открила вирус на птичји грип Х5Н8 на фарма за патки во округот Бач-Кискун. Агенцијата Небих наведе дека почнала со уништување на 32.000 патки на фармата.

Покрај тоа, воспоставена е заштитна зона во должина од три километри и зона за надзор од десет километри околку локацијата.

Обврската живината да се чува во затворени простории е се уште во сила, нагласи Небих.

Последен пат птичји грип е откриен во Унгарија во јануари оваа година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата