Вуди Ален убеден дека синот што го има со познатата актерка не е негов

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вуди Ален убеден дека синот што го има со познатата актерка не е негов

Режисерот Вуди Ален (84) призна во новите мемоари дека неговиот син Ронан Фароу (32) може да биде дете на актерката Миа Фароу (75) и починатиот пејач Френк Синатра.

Еден ден Миа ми откри дека е бремена. Јас природно заклучив дека детето е мое, но Миа ми спомна дека можеби е и син на Френк Синатра. Сè уште мислам дека е моj, иако никогаш нема да бидам сигурен“, напиша Ален.

Режисерот истакна дека Миа Фару и натаму имала односи со Синатра, иако биле разведени, но не можел да биде сигурен затоа што тие во тој момент живееле одвоено.

Книгата на Вуди Ален „Apropos of Nothing“ е веќе објавена и во неа открива многу детали од неговиот приватен живот.

Миа Фару имаше 21 година кога се омажи за Френк Синатра во 1966 година, кој во тоа време имаше 50 години. Иако се разведоа две години подоцна, тие останаа добри пријатели се до смртта на Синатра во 1998 година, а Вуди вели дека Ронан Фароу може да биде син на познатиот пејач.

За врската со Миа, Вуди истакнува дека биле заедно цела една деценија и дека имаат убави спомени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата