Одлуката за затварање на три града во Србија во следните 24 часа

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одлуката за затварање на три града во Србија во следните 24 часа

Лекарите во Србија сметаат дека се уште не треба да бидат затворени трите града кои се најголеми жаришта на коронавирусот во Србија- Белград, Ниш и Ваљево – и дека таа мерка ќе се разгледа во следните 24 часа, вели советничката за медиуми на спрскиот пртседател, Сузана Васиљевиќ, пренесува „Спутник“.

Васиљевиќ вели дека новите мерки ако не денес, ќе бидат соопштени утре, но дека не ѝ се познати деталите. Таа посочи дека српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на состанокот на двата кризни штаба ги прашал српските лекари дали е потребно да се затворат овие три града.

„Рекоа ‘се уште не, ќе видиме во следните 24 часа’. Мислам дека ако не денес, тогаш утре сигурно ќе бидат соопштени новите мерки. Дали тие ќе подразбираат целосно затворање на овие три града не знам зашто ситуацијата се менува буквално од час во час,“ вели таа.

Васиљевиќ наведе дека таквите мерки евентуално би подразбирале прекин на траспортот на цивили меѓу тие градови за никој да не може да излезе ниту да влезе во нив. Тоа, како што вели таа, биле мерките применети во Кина, додавајќи дека во таков случај би бил овозможен нормален транспорт на прехрамбени производи и медицински средства.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата