Мишел Фајфер останува дома заради својата сестра

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мишел Фајфер останува дома заради својата сестра

Херојот на филмовите „Мистична река“ и „Човек без тело“, 61-годишниот Кевин Бекон, минатата недела на „Инстаграм“ ја започна акцијата #IStayHomeFor за да ја охрабри јавноста да ги избегнува социјалните контакти за да се спречи ширење на Ковид-19.

Актерот вклучи голем број познати личности во „интернет-движењето“ – Дејвид Бекам, Елтон Џон, Деми Ловато, Ева Лонгорија, а особено трогателно беше соопштението на Мишел Фајфер.

„Останувам дома заради сестра ми … Таа е првата личност на која помислив – иако е млада и во добра форма, белите дробови и се нежни. Секој не е во можност да остане дома, затоа сум им благодарна на оние што секој ден се појавуваат на работа – лекари, медицински сестри, трговци и многу други… Ви благодарам од срце“, напиша актерката на „Инстаграм“.

Бидејќи коронавирусот е особено опасен за луѓе кои веќе имаат респираторни проблеми, сестрата на Мишел е група со висок ризик и треба да биде исклучително претпазлива.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата