Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Дује Чалета-Цар може летово да заигра за Наполи.

Според „Кориере Дело Спорт“, италијанскиот клуб размислува за 23-годишниот Хрват како замена за Калида Кулибали, кој најверојатно ќе го напушти тимот и ќе замине во некој од европските гиганти.

Оваа сезона, Чалета Цар играше на 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и имаше една асистенција.