Анџелина Џоли (44) се грижи за децата на кои им се потребни оброци дома за време на пандемијата на коронавирус.

Познатата актерка и активистка донираше 1 милион американски долари за организацијата No Kid Hungry, која дистрибуира помош за да им помогне на заедниците да ги нахранат децата кои добивале ручек во училиште.

„Од оваа недела, над една милијарда деца не одат на училиште, бидејќи тие се затворени поради коронавирусот. Многу деца зависат од грижата и исхраната што ја добивале во текот на времето поминато на училиште, вклучувајќи ги и скоро 22 милиони деца во Америка на кои им е потребна храна.„No Kid Hungry“ вложува напори да ја обезбеди потребната храна на што е можно повеќе деца“, рече Џоли (44) во изјавата.

Оваа донација не е единствениот начин на кој оваа мајка на шест деца им помага на оние на кои им е потребна помош за време на коронавирус.

Таа, исто така, донираше за Агенцијата за бегалци на Обединетите нации и им испрати поддршка на училиштата што ги финансира во Авганистан, Камбоџа, Кенија и Намибија за да го обезбеди тоа дека таа продолжува да работи во текот на пандемијата.

Џоли во моментов финансира 10 училишта во Камбоџа преку фондацијата „Медокс Џоли Пит“, основана во чест на нејзиниот најстар син, кого го посвои од Азија. Исто така, таа ги финансира Школата за девојчиња „Анџелина Џоли“ во Кенија и уште две училишта за девојчиња во Авганистан.

Анџелина работи со УНЕСКО за формирање на Глобална коалиција за образование за да им помогне на децата да УЧат од далечина за време на периоди кога училиштата се затворени.

извор: Makfax

Најчитани вести