“Сите не се битни, тоа еобична жабобаруштина“! ЈК удрила како никогаш до сега, единствено таа има влијание на ова (фото)

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Сите не се битни, тоа еобична жабобаруштина“! ЈК удрила како никогаш до сега, единствено таа има влијание на ова (фото)

Без влакна на јазик

Пејкачката Јелена Карлеуша не престанува да ја шокира јавноста од ден на ден, било со стајлингот, однесување, објавувања...

Овој пат жестоко ги исповоцирала сите.

Имено, овие денови имаше наводи дека социјалната мрежа Твитер била рушена од хакери, но Карлеуша имала свој коментар во врска со тоа.

- Твитер во Србија без мене не постои. Тоа е тажно... и вистина. Сите таму се така небитни. Некои небитни ликови без било какво влијание... Твитер е сериозно оружје во рацете на оној кој со своите ставови може да ја разбрани жабобаруштината. Со објавување на мојата прва песна враќањето на Твитер е неминовно. До тогаш бидете безбедни и останете дома – без влакна на јазик порачала Карлеуша и овој пат. 

Дали некој од нејзините колеги ќе се најде во оваа нејзина прозивка или ќе се огласи после објавување на нејзината нова песна, останува да се виде.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата