Русија, Кина и шест други земји ги повикаа Обединетите нации да ги укинат трговски санкции, кои би можеле да ја попречат борбата против коронавирусот, објавија руските државни медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да разговара со колегите од Г20 најразвиени економии во светот, на итна видео-конференција, за тоа како да се справат со пандемијата.

Во заедничко писмо на Русија, Кина, Иран, Сирија, Куба, Никарагва, Северна Кореја и Венецуела, ги повикуваат ОН да ги „отфрлат едностраните присилни мерки“, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

„Не можеме да дозволиме политичките пресметки да застанат на патот на спасување на човечките животи“ се наведува во писмото упатено до Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Пандемијата на коронавирусот ја поремети трговијата во целиот свет, особено оптеретувајќи ги економските стоковни економии како што е Русија, каде рубљата изгуби над една десетина од вредноста во однос на американскиот долар.

извор: Makfax

Најчитани вести