Британските власти се обидуваат на сите начини да го спречат ширењето на коронавирусот. Премиерот Борис Џонсон неодамна објави дека се воведуваат ограничувања во движењето на граѓаните и затворени се пабови, ресторани, како дел од мерките против смртоносниот вирус.

Бројот на заразени лица во Британија се зголемува од ден на ден, а властите решија да претворат голем простор во Лондон, односно „Ексел центарот“, во огромна болница која ќе прима само пациенти заразени со коронавирус.

Еден од работниците објави видео на социјалните мрежи, каде што се гледа процесот на претворање на простор со површина од 100.000 квадратни метри во единствен медицински објект.

„Ако до сега не сте ја сфатиле сериозно оваа состојба како што не сум ни јас, мислам дека е време да почнеме да го правиме тоа“, вели работникот за време на снимањето на клипот.

Досега се откриени 9.529 случаи на коронавирус во Велика Британија, а 465 починале.

извор: Makfax

Најчитани вести