Градоначалниците во Италија бесни: Испраќаат грозни пораки на своите граѓани, еден дури ги собирал од улиците (видео)

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градоначалниците во Италија бесни: Испраќаат грозни пораки на своите граѓани, еден дури ги собирал од улиците (видео)

Локалните власти во Италија се бесни на своите граѓани поради непочитување на мерките и загрозување на сигурноста на останатите Италија која грчевито се бори со невидливиот непријател, во таа борба вклучени се и градоначалниците од поедини градови.

- Одете дома! Ајде! Не ме гледај така, постои декрет и мора да се почитува! – во бес зборувал Антонио Декаро, градоначалник на Бари кој затекнал сограѓани на улица.

- Јас сум градоначалник во овој град и ќе ги натерам луѓето да го почитуваат декретот – додал тој.

- Не разбирате дека луѓето умираат? Умираат 400 луѓе дневно. Умираат!- остро зборувал Мазимилијано Прешути, градоначалник на Гуалдо Тадиона.

Да потсетиме, претставници на Цивилна заштита откриле најнов број на заразени во таа земја. Тие вчера навеле регистрирани уште 3.491 заразени лица, дека во последните 24 часа починале 683 лица, додека 1.036 лица се опоравиле.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата