ШВАЈЦАРИЈА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ОД ИТАЛИЈА по број на жители, но далеку помалку починати

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШВАЈЦАРИЈА ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ОД ИТАЛИЈА  по број на жители, но далеку помалку починати

Швајцарија има повисока стапка на заразени од коронавирус од Италија, односно на 10.000 жители моментално има 12,4 зарзени.

Кога станува збор за смртни случаи, ситуацијата е многу подобра отколку во Италија.

Според сегашните официјални податоци, во моментов 11.028 лица се заразени со коронавирусот во Швајцарија, а 154 починале.

Во Италија стапката на инфекција е 11,4 пациенти на 10.000 жители, во Шпанија 8,5 и во Германија 3,9.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата