Во БиХ, 185 лица заразени со коронавирус, тројца починати

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во БиХ, 185 лица заразени со коронавирус, тројца починати

Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на 185, според босанското Министерство за здравство.

Министерот за здравство на Република Српска, Ален Шераниќ изјави пред новинарите дека се потврдени седум нови случаи кај три жени и четири мажи и тоа од Бања Лука, Добој, Босанска Градишка и Босанска Дубица.

Во Федерацијата на БиХ, потврдени се нови случаи во Сараево, но и во Груде, каде досега не се пријавени заразени случаи.

Официјалните податоци за смртните случаи поради компликации предизвикани од коронавирус во Федерацијата БиХ остануваат противречни затоа што во статистиката се споменуваат три такви случаи во Сараево, Мостар и Бихаќ, иако помошникот на министерот за здравство на БиХ, Горан Черкез, негираше дека случајот во Бихаќ е поврзан со зараза.

Полицијата и во двата ентитета продолжува да ги контролира движењата на населението со спроведување строги ограничувања во ноќните часови, но пронаоѓа десетици прекршители на кои им се изрекуваат високи парични казни секој ден.

Членовите на претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, испратија заедничка порака до граѓаните, повикувајќи ги да ги почитуваат мерките за ограничување бидејќи ова е најдобриот начин за лично да се придонесе за намалување на ширењето на инфекцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата