Пензионерите од Црна Гора молат: Сопрете го дивеењето на цените

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пензионерите од Црна Гора молат: Сопрете го дивеењето на цените

Од партијата на пензионери, инвалиди рестируции (ПИР) бараат од надлежните да го сопрат растот на цените на намирници, наведувајќи конкретни примери на производи кој нагло поскапеле од појавата на корона вирус.

ПИР од министерката за економија Драгица Секулиќ и надлежните инспекции побарал да ги заштитат потрошувачите, а ги повикале пензионерите строго да ги почитуваат мерките кој ги вовела Владата и Инстирутот за јавно здравје.

Освен ПИР, исти барања до надлежните испратиле и Здружение на заштита на пензионери и инвалиди на Црна Гора, Здружение на цивилни, војни и трудови инвалиди.

Лимонот пред вирусот чинел 1,6 до 2 евра за килограм, сега е до три евра, цената на лукот од три евра рипналана 5,5 па дури и 10 евра за килограм... како и многу други намирници а тоа лесно може да се провери – нагласил Момо Јоксимовиќ, претседател на ПИР

Спрема податоците на пазарната инспекција од 9. до 17 март, во рамки на 184 контроли на трговски објекти дошло до покачување на цената на брашно, млеко, јајца, шеќер, сол, ориз, тестенини, свежо месо, риба, овошје и зеленчук...

Инаку минималната пензија во Црна гора изнесува околу145 евра.

Легално, но неморално...

Министерката за економија Драгица Секулиќ неодамна по повод поскапувањето, рекла дека слободно формирање на цена е легално и законско.

- Тоа е сега легално, но не значи дека е морално. Денес е легално но не значи дека и утре ќе биде легално. Тргнавме од препораките, преку предупредување, а со наредба можеме да ја ограничиме цената – соопштила Секулиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата