Лошото момче на италијанскиот фудбал Марио Балотели е ослободен од обвинувањата за силување на малолетна девојка, објави италијанската „Спорт Медија сет“.

Додека настапуваше за Ница, напаѓачот бил заведен од малолетна девојка која го уверувала фудбалерот дека веќе има 18 години (иако била на возраст меѓу 16 и 17 години). Подоцна девојката почнала да го уценува. Девојката барала 100 илјади евра во замена за да не го пријави во полиција за сексуално насилство.

Застапниците на Марио пред судот во Бреша докажале дека фудбалерот немал сексуална врска во девојката ниту физички ја нападнал и дека се работи за исцениран случај од страна на девојката. Обвинителството се откажа и Марио беше прогласен за невин во случајот. Сепак, сега девојчето ќе биде обвинето за клевета и изнуда.