Бернард Томиќ, австралискиот тенисер со хрватски корени, и дефинитивно не е болен од коронавирусот. Тој лажел дека е заразен од Ковид-19, од причини што му било досадно, а и сакал да биде во центар на вниманието.

Дека нема ништо од тоа, доаѓа потврдата од тенисерката Андреа Петковиќ, инаку Германка од српско потекло, која изјавила дека се слушнала со Бернард и дека тој и признал дека не е болен од коронавирусот, но и дека не знае зошто го сторил тоа.

Инаку Томиќ пред извесно време беше и 17-ти на АТП листата, но формата му е во страшен пад и сега се наоѓа на 202 место.