Деновиве „Марка“ прави избор на најдобар тим во светот во историјата. Читателите на престижниот и влијателен спортски весник од Мадрид, гласаат за тоа кој е најдобриот во историјата. Во конкуренција се навистина големи клубови, а тука е и Ц. Звезда од 1991 година на Македонците Дарко Панчев и Илија Најдоски. Во моментов додека ова го пишуваме, „црвено – белите“ се наоѓаат на одличното пето место со речиси 12.000 гласови. На прво место е Барселина на Пеп Гвардиола, која засега има 47.8К, втор е Реал Мадрид на Зинедин Зидан, трет е Милан на Ариго Саки.

ТАБЕЛА

1.Барселона на Пеп Гвардиола – 47.8К

2.Реал Мадрид на Зидан – 31.2К

3.Милан на Ариго Саки – 20.2К

4.Реал Мадрид на Ди Стефано – 14.0К

5.Ц. Звезда од 1991 – 11.9К

6.Реал Мадрид од осумдесетите – 10.4К

7.Ајакс на Јохан Кројф – 9.5К

8.Хонвед на Пушкаш – 8.5К

9.Баерн Минхен на Бекенбауер – 5.5К

10.Манчестер Јунајтед на Мат Безби -3.9К

11.Пењарол на Масполи – 3.4К

12.Сантос на Пеле – 3.4К

13.Бенфика на Еузебио – 2.9К

14.Нотингем Форест на Клаф – 2.8К

15.Интер на Херера – 2.2К

  1. Ривер Плата од педесетите – 2.1К

17.Ливерпул на Пејсли – 1.8К

  1. Торино или „Гранде Торино“ – 1.6К

19.Борусија М.од седумдесетите – 1.2К

20.Хамбургер на Киген и Магат – 1.2К