Во Србија од секаде ПРИСТИГНУВААТ ДОНАЦИИ, Ана Ивановиќ донираше респиратори и финансиска помош

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија од секаде ПРИСТИГНУВААТ ДОНАЦИИ, Ана Ивановиќ донираше респиратори и финансиска помош

Во соседна Србија, но и во околните држави познатите спортисти од ден на ден даваат се поголема конкретна помош во справување со корона вирусот.

Последна во низа е поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ која на својата татковина ќе и подари 35 респиратори.

Како што пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед, Ивановиќ дали финансиска поддршка, но и лично се заложила преку своите контакти за набавка на овие преку потребни апарати.

Ивановиќ лично преку неколку компании вложила максимални напори респираторите што побргу да бидат набавени и доставени во Србија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата