Челниците на Барселона разговарале со капитените на фудбалскиот, кошаркарскиот и ракометниот тим во врска со намалување на платата за време на вонредната состојба поради корона вирусот.

Меѓутоа состанокот не поминал добро. Каталонскиот „Мундо Депортиво“ пишува дека двете страни имале различни ставови. Првично прифатиле намалување на платите но не и драстично намалување. На пример идејата на челниците на Барса бил намалување на платите за 70% што предизвикало револт кај играчите.

Откако другите играчи дознале за планот се заканиле со раскин на договорите ако предлогот биде прифатен. Шпанскиот дневник пишува дека клубот дал рок до среда да се изјаснат околу оваа тема.

„Барселона сега не прима никакви приходи, а управата е принудена да ја донесе оваа мерка. Платата ќе им се намали само на професионалните спортисти, но не и на останатите вработени во клубот“, изјави извор од клубот за „Мундо Депортиво“.

Додека трае кризата Барса нема приходи од влезници и телевизиски права, а затворени се и музејот кој е најпосетуван во Каталонија, како и фан-шоповите.