Фудбалот е во колапс, никој не знае колкави се штетите, речиси нема клуб во кој што не се преземаат соодветни мерки, односно намалување на платите на играчите. Во Македонија ниту еден наш клуб  јавно не се изјаснил околу тоа дали ќе им ги намали платите на играчите, но и на сите вработени. Шкендија, која во моментов во Македонија финансиски е најмоќниот клуб, исто така не се произнесува. Но дека мора некои вонредни мерки да се преземат, тоа им е јасно на сите.

А за тоа дали ќе има вакви мерки или не, свој коментар има и тренерот Ернест Ѓока, кој за еден медиум во Албанија, каде што е во карантин, истакна…

Ја чекаме одлуката на раководството на клубот дали ќе има кратење на платите. Засега нема ништо официјално, се знае кој одлучува за тоа“ истакнал Ѓока.