Арјен Робен се разви како одличен фудбалер во Челзи, а по кратката епизода во Реал Мадрид, експлодира во Баерн Минхен каде остана до крајот на кариерата. Холанѓанецот за Челзи одигра 106 натпревари и освои две шампионски титули, а можел да заврши во Манчестер Јунајтед но тој го одбрал Челзи.

Летото 2004 Робен играше за ПСВ, великани го сакале тогаш 20-годишниот крилен фудбалер, а тој за почеток на интернационалната кариера го одбрал Челзи.

Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд раскажува како Робен дошол на „Олд Трафорд“ но не му се допаднало тука.

Дојде на тренинг во Карингтон, малку се прошета и не му се допаѓаше мирисот. Се сврте и отиде во Челзи. Не можев да поверувам“, изјави Фердинанд.

Колку добар играч беше тој. Тогаш добро ќе ни дојдеше. Знаеш дека секогаш оди лево, но сепак не можеш да го задржиш“, раскажува Рио.