Поранешниот светски тениски првак Рожер Федерер и неговата сопруга Мирка донираа 1 милион швајцарски франци (1 милион долари) на фамилиите погодени поради пандемијата на корона вирусот во Швајцарија.

„Ова се тешки времиња и никој не смее да биде запоставен“, напишал Федерер на својот профил на Твитер.

Швајцарија има 9.900 потврдени случаи и 122 мртви.

Федерер ги повика и другите швајцарски спортисти да го следат неговиот пример.