ПАДНА ВЛАДАТА НА АЛБИН КУРТИ: Косово оди на избори кога ќе се смири КОРОНА

25.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПАДНА ВЛАДАТА НА АЛБИН КУРТИ: Косово оди на избори кога ќе се смири КОРОНА

Со 82 гласа „за“, 32 „против“ и 1 воздржан Собранието на Косово гласаше за недоверба на Владата на Албин Курти.

Албин Курти беше на чело на извршната власт на земјата само 51 ден, што е најкратко досега во владата на Косово.

Предлогот за соборување на Курти го започна Демократската лига на Косово, со која Движењето Самоопределување беше во владејачката коалиција, пишува весникот „Експрес“.

Вјоса Османи и мал дел од ЛДК гласаа да не падне, но падна со 82/120. Избори во Косово ќе се одржат веднаш штом се смири ситуацијата со корона вирусот.

Извор: газетаекспрес

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата