Дали Мануел Нојер ќе остане во Баерн Минхен или ќе направи сензационален летен трансфер? Илјадници фанови деновиве си го поставуваат ова прашање.

Весникот „Билд“ објави дека во вторникот, агентот на голманот, Томас Крот се состанал со главниот извршен директор на Баварците, Карл-Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Темата веројатно беше евентуалниот нов договор за Нојер. Информациите велат дека договор нема. Мануел Нојер беше доведен од Шалке со до договор до 2021 година, но се повеќе се зборува дека тој е подготвен за промена.

Уште во јануари, се шпекулираше дека Нојер размислува за италијанскиот гигант Јувентус, кој за прилично пристојна цена, би можел да го донесе во Торино.